MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ВЕНЦИСЛАВ АЈДАРСКИ ПОБЕДНИК НА ОЛИМПИСКИОТ МАРАТОН ВО ОХРИД
 
ВЕНЦИСЛАВ АЈДАРСКИ ПОБЕДНИК НА ОЛИМПИСКИОТ МАРАТОН ВО ОХРИД
12.08.2017, 16:52:22
 
 
 

Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на  Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри  што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро.

Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј на старото пристаниште.

.

Од македонските пливачи, најдобар пласман има  Александар Илиевски на третото  место.

На овој прв ваков маратон, чиј технички организатор е клубот „Охридски бранови“ учествуваа 10 натпреварувачи во машка и две во женска категорија. Во женска конкуренција победи Василики Кадоглу од Бугарија, пред Тјаша Возел од Словенија која што настапи на ЛОИ во Лондон и Рио.

За регуларноста на трката  се погрижија  врвни судии–делегати на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Интенција на организаторот е овој маратон како олимписка дисциплина да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА. Тоа би значело дека на „Олимпискиот пливачки маратон“ во Охрид би се исполнувала норма за учество на Летните олимписки игри.

Александар Маленко кој е организатор, претходно изјави дека на завршната церемонија, ќе следува оценка од страна на делегатот на ФИНА и Македонскиот олимписки комитет, а таа заедничка оценка ќе биде и официјално проследена до комисијата на Светската пливачка федерација и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) кој заседава во Лозана. Маленко, на крајот на ноември ќе отпатува во Швајцарија и ќе присуствува на настанот по повод објавувањето на календарот на настани на ФИНА за 2018 година.

Тој се надева дека успешно ќе ја мине оваа фаза, по што се надева за добивање лиценца за организација и на трките на 5 и 25 километри, кои се дел од олимписката програма, а преку нив се обезбедува и норма за учество на Светско и европско првенство.

Овој спортски настан денес претставува  испит за организаторот со можност од идната година Охрид да биде домаќин на свески куп во олимписки маратон и место каде би се одржувале квалификации за пливачи за учество на олимпијадата во Токио 2020 година.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News