MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ, ЕДЕН СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ
 
ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ, ЕДЕН СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ
12.08.2017, 16:15:00
 
 
 

По пријава за кражба во викендица во близина на браната Мантово, полициски службеници од СВР Струмица на влезот на градот се обиделе да застанат возило Опен Фронтера, со словенечки регистарски таблици, управувано од Т.Д. (2000), меѓутоа тој ја игнорирал наредбата на полицијата и со зголемена брзина се дал во бегство.

На излезот од Струмица, во близина на селото Баница, возачот на возилото бил принуден да запре, а полицискиот службеник кој го запрел возилото испукал два куршуми во воздух како предупредување, а во исто време на местото пристигнало и друго возило на МВР, од кое излегле двајца полицајци кои тргнале да ги апсат осомничените.

При обидот за приведување, полицискиот службеник употребил огнено оружје, при што биле повредени Т.Д. (2000) и А.Ѓ. (2001) и двајцата од Радовиш, по што тие биле пренесени во медицинскиот центар во Струмица, каде што биле констатирани повреди од огнено оружје, информираат од МВР.

Поради карактерот на повредите Т.Д. бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

 

.

На лице место излегл Јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот била вклучена и Внатрешната контрола на МВР за да се испита постапката на полициските службеници. На лице место биле испратени и повеќе тимови од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопје, а по наредба на јавниот обвините одземени биле и двата пиштола на полициските службеници за балистичко вештачење.

Бидејќи од употребата на оружјето настанала тешка телесна повреда, по наредба на јавниот обвинител во полициската станица во Струмица бил задржат полицаецот кој пукал за понатамошна постапка.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News