MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ ПРОДОЛЖУВА СО ИСТ ТЕК
 
СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ ПРОДОЛЖУВА СО ИСТ ТЕК
12.08.2017, 16:00:00
 
 
 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и денеска си реплицира еден на друг. Расправата за разрешување на државниот обвиниел Марко Зврлевски опозицијата ја пренсочи кон други теми. Побараа во Собранието да се разгелдува состојабта со пожарите. Меѓу другото ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата дека за 70 дена ја задолжиле државата за 100 милиони евра на домашниот пазар а 126 милиони евра од државните резерви мистериозно исчезнале. Побараа Зврлевски да биде разрешен по локалните избори во октомври.

„Марко Зврлевски е само една политичка чистка, ќе селдат уште вакви политички чистки а ветуваа деполитизација и департизација на институциите“ – изјави Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ

Рангелова од собраниската говорница побара СДСМ, активно да се вклучи во расправата за разрешување на Марко Зврлевски. Им замери на колегите од владеачаката партија за малиот број на присутни во собраниската сала. Реагираше спикерот Џафери. Ја праша Ренгелова дали користи право на реплика или има процедурална забелешка.

„Талат Џафери:Вие реплика имате или? Рангелова: Ќе видиме дека на оваа седница околу 15 пртенцви од СДСМ се. Џафери: Реплика имате или процедурално? Рангелова:Ова не е процедурално. Џафери:Реплицирај те и на колешката Рангелова: Реплика е, се збунивте. Џафери:Не се бунам, ве прашувам дали е реплика. Рангелова:Па реплика е што сакам ќе зборувам, се извинувам што се збунивте, ај ќе научите“

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев порача дека нема да учествуваат во расправа која ја диктира ВМРО-ДПМНЕ.

 

.

„И јас не знам зошто волку безсмислени расправи околу еден човек за кој и воопшто не зборувате вие. Па вие зборувате за бугарско-фашистички окупатор, зошто не зборувате за герамснки фашистичи окупатор, за турска отоманска војска, зошто за италијански фашистички окупатор, па какви се овие глупости“ – рече Томислав Тунтев, СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски ги обвини медиумите дека одработуваат за власта. Наместо да се занимваат со важни прашања за кои опозицијата постојано зборува, на медиумите им било интересно противзаконското разрешување на Зврлевски во предизборен период, пренесе ТВ Алсат М.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News