MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » НАУЧНИЦИ ОД НОВ ЗЕЛАНД ПРОНАШЛЕ ОВОШЕН КОЛАЧ СТАР 106 ГОДИНИ
 
НАУЧНИЦИ ОД НОВ ЗЕЛАНД ПРОНАШЛЕ ОВОШЕН КОЛАЧ СТАР 106 ГОДИНИ
12.08.2017, 12:26:34
 
 
 

Научници од Нов Зеланд во одалечена колиба на Антарктикот пронајдоа „совршено зачуван“ 106 години стар овошен колач.

.

Колачот, кој го меселе и печеле вредните британски слаткари „Хантли енд Палмерс“ е пронајден завиткан во оригинална хартија и сместен во тврда лименка, соопшти организацијата „Антарктик Херитиџ Труст оф Кристчрч“.

Иако колачот изгледа убаво за јадење, дури и мириса, ќе остане мистерија каков е вкусот, бидејќи е неетички од страна на конзерваторите да ги пробуваат своите иновации, изјави Лизи Мик.

– Овошниот колач ќе го вратиме на полицата каде што е пронајден, а се надевам дека ќе го видат и други посетители кои ќе стигнат тука, рече Мик.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News