MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » НЕ ПОСТОИ ВОЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ ПОМЕЃУ САД И СЕВЕРНА КОРЕЈА
 
НЕ ПОСТОИ ВОЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ ПОМЕЃУ САД И СЕВЕРНА КОРЕЈА
12.08.2017, 07:00:00
 
 
 

Не постои воено решение на спорот меѓу САД и Северна Кореја, изјави германската канцеларка Ангела Меркел додавајќи дека „војната на зборови“ на овие две земји е сосема погрешен пристап.

.

 

– Потребна е истрајна работа во Советот за безбедност на ОН, како и тесна соработка на инволвираните земји, пред сè на САД и Кина – изјави Меркел.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека реториката на Вашингтон и Пјонгјанг „ги надминала сите мери“ и додаде дека Москва се надева оти ќе надвладее здравиот разум.

Претходно денеска американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ напиша дека „оружјето е наполнето и подготвено“ и дека военото решение е на маса доколку Северна Кореја не дејствува мудро.

– Се надевам дека Ким Џонг Ун ќе пронајде друг начин – напиша Трамп на „Твитер“.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News