MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ПОЖАРИ И НАТАМУ БЕСНЕАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА, АКТИВНИ 15 ЖАРИШТА
 
ПОЖАРИ И НАТАМУ БЕСНЕАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА, АКТИВНИ 15 ЖАРИШТА
11.08.2017, 16:00:00
 
 
 

Продолжува борбата со огнените стихии во земјава. Изутрината повторно критично беше кај манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во месноста Трескавец кај Прилеп. Нов пожар се појави во Струшко. Трета недела гори во националниот парк Јасен во близина на Македонски Брод. Таму и во Чашка се уште е во сила вонредната состојба, пренесе МТВ.
Иако повторно се разгоре пожарот кај манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во месноста Трескавец кај Прилеп, по интервенцијата на противпожарната бригада, месното население, вработени во прилепските претпријатија, беше ставен под контрола.

На терен околу манастирот има околу 140 лица, што пожарникари што од месното население, кои се во приправност доколку пламенот повторно почне да зазема голем замав.
Освен кај манастирот, во прилепско се активни уште неколку пожари, гори и во околината на Тетово, Македонски Брод, велешко, Кавадарци. Над десетина активни пожари и уште толку за кои надлежните велат дека ги држат под контрола. На местата зафатени од пожар, гори главно ниско стеблеста шума, сува трева, смрека и даб. Освен со човечка сила за гаснење на пожар ангажиран е и еден хеликоптер на армијата.

 

.

Пожарот според првичните информации се појавил кај предавателите во близина на манастирот. Велат, во прашање е повторно човечки фактор. Од Центарот за управување со кризи уверуваат- не постои опасност од загрозување на манастирот. Велат дека пожарите кај Трескавец и на околните населени места се контролираат. Се уште се активни пожарите до село Крушевица, кој е на непристапен терен и кај село Никодин. Нов активен пожар има во Струшко.

Во општина Македонски Брод, во моментот е активен пожарот во атарот на Грешница, а пожарите Растеш, Волче, Заград и Брест се ставени под контрола. Активен е и пожарот на Бистра планина и кај Јасеновска глава. Гори нискостеблеста шума и сува трева. За гасење покрај шумското стопанство „Бабуна“- Велес интервенира и хелихоптер на АРМ. Активен е и пожарот кај селото Галиште, Кавадаречко, кој се шири, велат од ЦУК.

Пожарот кај Мушов гроб– Мрежичко е ставен под контрола. Активен е и пожарот во Гургурница, општина Брвеница. Овде интервенираат екипи на Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување и лица од месното население. Активен е и шумскиот пожар во с. Балиндол над рудникот.

Засилени се превентивните мерки. МВР ќе ги санкционира сите лица кои ќе постапат на законските одредби и намерно ќе предизвикаат пожар.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News