MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » ГОЛЕМА ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
 
ГОЛЕМА ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
11.08.2017, 16:00:00
 
 
 

Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) соопшти дека ја истражува најголемата банка во земјата под сомнение за кршење на законот против перењето пари и финансирањето на тероризмот, пренесоа агенциите.

 

.

Минатата недела Австралиската служба за финансиско разузнавање (AUSTRAC) се обрати до федералниот суд за 53.700 прекршоци извршени од „Commonwealth Bank of Australia“ (СВА), особено со автомати со депозитни функции.

Регулаторот „ASIC“ објави за возврат дека проверува дали банката ги исполнила обврските за известување на јавноста за информации и корпоративното право, објави пред парламентарната комисија претседателот Грег Медкрафт.

Медкрафт истакна дека раководителите на „СВА“ не го информирале за проблемите со спроведувањето на законите на средба со нив два дена пред тие да бидат објавени јавно во текот на минатата недела.

„Ова е најголемата компанија во земјата и според мене Австралијците можеа да се надеваат на нешто подобро“, посочи Медкрафт, цитиран од агенциите.

„AUSTRAC“ ја обвинува банката дека не и се обезбедени 53.506 извештаи за парични трансакции од над 10.000 австралиски долари преку автоматите помеѓу ноември 2012-та и септември 2015-та година, во вкупна вредност од 624,7 милиони австралиски долари.

„СВА“ е обвинета исто така дека не известила за точниот ден и час или воопшто не ја известила за сомнителните трансакции во вредност од 77 милиони австралиски долари. Банката не е преземено и мерки за следење на некои клиенти дури откако била предупредена за веројатно перење пари, посочува „AUSTRAC“.

Секое од овие нарушувања може да ја чини банката казна од 18 милиони австралиски долари (12 милиони евра), па вкупната сума може да се покаже како колосална.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News