MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ХЕСКИ СОВЕТУВА ДА СЕ ПРОБА А ЛИГАТА
 
ХЕСКИ СОВЕТУВА ДА СЕ ПРОБА А ЛИГАТА
11.08.2017, 15:49:32
 
 
 

Поранешната ѕвезда на Њукасал Џетс, Емил Хески вели дека ќе го охрабри секој играч да ја испроба Хјундаи А Лигата во која што и тој самиот беше импресиониран од стандардот на натпреварите.

.

Хески одигра две сезони за Џетс, од 2012 до 214, постигнувајќи 10 гола во 42 натпревари .

И додека поранешниот напаѓач на Ливерпул и Астон Вила призна за тешкотијата која ја имаше од топлината на австралиското лето, тој сјаеше во оценувањето на А – лигата.

Во првата епизода од сезоната на Прашај Ги Фановите (AskFans) која оди на Јутуб, Хески изјави дека 100% ќе ги охрабри повеќето играчи да отидат и да играат во Австралија.

‘’ Неколку пати бев запрашан од страна на играчите и немам што друго да им кажам освен се најдобро за таму ’’

‘’ Стандардот беше на највисоко ниво. Единствената препрека е климата и времето на кое што ќе треба да се навикнете. Навикнав да се будам на 30 степени наутро.  Секогаш ќе имам само позитивно мислење за тоа место.’’ изјави Хески.

По одигрувањето на две сезони со Болтон Вондерерс во Првета Лига, Хески се пензионираше во 2016.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News