MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » МИСТЕРИОЗНА ПРИКАЗНА ЗА СЕМЈСТВО ОД АВСТРАЛИЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ
 
МИСТЕРИОЗНА ПРИКАЗНА ЗА СЕМЈСТВО ОД АВСТРАЛИЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ
11.08.2017, 12:23:34
 
 
 

Семејството Тромп повторно работи на семејната плантажа во близина на Мелбурн - година дена откако го преживеале патувањето исполнето со параноја за кое до ден денес не се знае причината.

Нивното бизарно патување започнало на 29-ти август, 2016-та година, кога сопружниците ги убедиле своите три веќе возрасни деца дека мораат веднаш да ја напуштат семејната куќа и да бегаат.

.

Сопружниците и нивните три деца влегле во автомобил и тргнале кон север. Побегнале од фармата и ги оставиле зад себе пасошите, кредитните картички и мобилните телефони. Судејќи по сѐ планирале да избегаат без да остават никаква трага за тоа каде одат.
Подоцна се открило дека Марк и Џејкоб имале се повеќе и повеќе психички проблеми и дека барем еден од нив бил убеден дека некој сака да ги ограби и убие. Единствениот мобилен телефон кој го земале со себе му припаѓал на синот на Мичел, но по 30 километри го натерале и него да го фрли мобилниот. Биле уверени дека некој може да ги следи користејќи ги сигналите од телефонот.
Мичел (25) подоцна раскажал за медиумите дека одлучил да тргне со нив само за да биде сигурен дека нема да им биде ништо. Родителите го загрижувале затоа што започнувало сѐ повеќе работи да им се привидуваат и станувале се понеиздржливи. 
Првиот ден семејството поминало околу 800 километри. Во вторник утрото, на 30-ти август 2016-та година, Мичел побегнал од нив, додека неговите две сестри Ријана и Ела останале со родителите. 
Остатокот од семејството се упатило кон популарното туристичко место - пештерите Јенолан. Тука воедно бил и крај на патувањето за Ријана и Ела кои одлучиле да ги напуштат родителите. За да побегнат од нив, украле автомобил и стигнале до градот Гоулбурн каде го пријавиле исчезнувањето на нивните родители.
Австралиската јавност ја заинтригирало како може едно семејство на така необичен начин да се раздели и да залута секој по свој пат како и зошто цело време возеле низ големи градови убедени дека некој сака да ги убие? Сите мислеле дека станува збор за обично семејно патување кое завршило со несогласувања.
Во Гоулбурн и сестрите се разделиле. Ела се вратила дома, назад на плантажата каде наишла на полицијата која го барала семејството. Братот Мичел се вратил нешто подоцна бидејќи се враќал со возови, а сестра му се вратила дома со украденото возило. Ела и Мичел наизглед биле ментално здрави, но сестрата Ријана не поминала добро. 
Таа се шверцала во еден камион, а возачот ја открил после само еден час возење. Кога ѝ пришол тој се шокирал. Таа не знаела која е, како се вика, била целосно изгубена. Набрзо била хоспитализирана во болницата во Гоулбурн. 
Интересот на јавноста се повеќе и повеќе растел па започнала голема потрага по исчезнатите сопружници. Марк и Џејкоб тргнале кон Мелбурн, кон плантажата и децата. Меѓутоа, неколку дена подоцна се разделиле. 
Џејкоб тргнала кон север па била пронајдена на 350 километри од градот Вонгарат, каде се разделиле. Никој никогаш не открил како точно поминала стотици километри, а луѓето кои ја пронашле велат дека била целосно растроена. Ја однеле во болница па ја префрлиле во Гоулбурн за да заедно со ќерка си започне да закрепнува. 
Марк останал во Вонгарарт, каде неколку дена подоцна полицајците го пронашле. Шест дена подоцна откако започнала семејната авантура, Марк Тромп бил пронајден покрај патот во близина на аеродромот. 
Никој никогаш не разјаснил зошто семејството одлучило да исчезне. Полицијата не открила траги на дрога, ниту пак имале претходно дијагноза на ментални нарушувања, немале долгови ниту пак биле членови на некој култ.

 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News