MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ФЕЈСБУК ПРЕТСТАВИ НОВА ПЛАТФОРМА ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
 
ФЕЈСБУК ПРЕТСТАВИ НОВА ПЛАТФОРМА ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
11.08.2017, 12:20:44
 
 
 

Гледањето видеа на „Фејсбук“ има неверојатна моќ во поврзувањето на луѓето, поттикнувајќи разговори. На „Фејсбук“, видеата се откриваат преку пријатели и со тоа се приближуваат заедниците. Сè поголем број луѓе уживаат во ова искуства - тие сакаат да откриваат видеа на нивните почетни страници, но сакаат и место каде што ќе можат да гледаат видеа.

.

Токму затоа „Фејсбук“ минатата година го објави „Видео таб“ во Америка, со што понуди предвидливо место за наоѓање видеа. Сега оваа социјална мрежа сака на корисниците да им овозможи да ги гледаат и да се чекор со нивните омилени шоуа. 

„Watch“ е нова платформа за шоуа на Фејсбук. Платформата ќе биде достапна за мобилен, десктоп и лаптоп и за ТВ. Шоуата се состојат од епизоди - во живо или снимени. За да бидете во чекор со шоуата што ги следите, постои листа за следење, за да не ги пропуштите најновите епизоди.

„Watch“ е персонализирано за да ви помогне да откриете нови емисии, организирани околу тоа што гледаат вашите пријатели. На пример, ќе пронајдете дел  „Most Talked About“, во кој се истакнуваат шоуа кои предизвикуваат разговори, „What's Making People Laugh“, во кое се вклучени шоуа каде што повеќе луѓе ја искористиле реакцијата „Haha“ и „What Friends Are Watching“, што ви помага да се поврзете со пријатели за шоуа што ги гледаат и тие. 

Платформа за шоуа

„Watch“ е платформа за сите издавачи и креатори што се обидуваат да пронајдат публика, да изградат заедница на страсни фанови и да заработат пари. „Фејсбук“ нуди широк спектар на шоуа:

- Шоуа кои привлекуваат фанови и заедници. Нас Дејли објавува секојдневни шоуа каде што прави видеа со неговите фанови од секаде низ светот.

- Шоуа во живо што директно се поврзуваат со фановите. Габи Бернстеин, автор, мотивациски говорник, користи комбинација на снимени епизоди и епизоди во живо за да се поврзе со своите фанови и да одговори на прашања во реално време. 

- Шоуа што имаат конзистентна тема. Шоуто „Tastemade's Kitchen Little“ е интересно шоу за деца што гледаат видеа за рецепти, а потоа на професионалните готвачи им ги кажуваат инструкциите како да ги направат.

- Настани во живо што ги поврзуваат заедниците. 

Платформата ќе биде достапна за неколку луѓе во Америка, а подоцна ќе им биде претставена и на другите корисници.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News