MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ПОЗНАТИ СААТНИЦИТЕ ЗА ДУЕЛИТЕ НА ВАРДАР ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
 
ПОЗНАТИ СААТНИЦИТЕ ЗА ДУЕЛИТЕ НА ВАРДАР ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
10.08.2017, 16:43:44
 
 
 

Македонскиот и европски првак Вардар ги дозна термините за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација, во соработка со клубовите и со ТВ-куќите кои ќе ги пренесуваат натпреварите, ги одреди саатниците. Вардарци сезонава, како и лани, најчесто ќе ги играат домашните дуели во 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“. „Црвено-црните“ се во група со Висла Плоцк, Нант, Загреб, ПИК Сегед, Кристијанштад, Рајн Некар и со Барселона.

.

Првиот тим што ќе ја има честа да игра со европскиот првак е полскиот вицешампион Висла Плоцк. Вардар ќе гостува во Полска на 17 септември, а дуелот ќе започне во 19 часот, во арена „Орлен“. Во првите пет кола, Вардар трипати ќе биде домаќин и двапати ќе гостува. Во Скопје, први гости ќе бидат Нант и Кире Лазаров, потоа доаѓаат Загреб и Касим Каменица. Во четвртото коло, вардарци ќе патуваат на незгодно гостување во Сегед, кај ПИК, а една седмица подоцна, во македонската метропола ќе дојдат Борко Ристовски и Барселона.

Распоред на натпреварите:

1. коло, 17 септември

19:00 Висла Плоцк – Вардар

2. коло, 23 септември

17:30 Вардар – Нант

3. коло , 1 октомври

17:00 Вардар – Загреб

4. коло, 7 октомври

17:30 ПИК Сегед – Вардар

5. коло, 14 октомври

17:30 Вардар – Барселона

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News