MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ПРИЗНАНИЕ ЗА ЦЕНТАРФОРОТ НА СИТИ
 
ПРИЗНАНИЕ ЗА ЦЕНТАРФОРОТ НА СИТИ
09.08.2017, 18:07:05
 
 
 

Центарфорот на Мелбурн Сити, Лук за Братан доби две награди за неговите напори прибирање финансиски сретства заземајќи дел од  Големото Светско Шишање кое се одржа во Март.

.

Братан ја растеше својата коса цели две години се со цел да ги подигне свеста но и средствата за Големото Светско Шишање.

Центарфорот собра 20,007 долари, со што се искачи на првото место како индивидуален собирач на средства во Викторија а воедно влезе и во првите 10 индивидуалци кои донираат во цела Австралија.

Придонесот кој го донираше Братан дојде во комбинација на своите лични донации со донациите на играчите и партнерите на Мелбурн Сити се со цел да им се помогне на лицата во Австралија кои се заболени од рак на крвта.

Косата на Братан имаше чест да ја потстриже младиот 12 годишен фан на Мелбурн Сити, Џошуа Феро.

‘’ Фондацијата е организација која ја чувствувам навистина блиска до моето срце бидејки дел од мојат блиска фамилија и пријатели беа погодени од леукемија, па затоа и самиот пред две години одлучив да ја израстам косата за подоцна да можам да ја донирам во добротворни цели но и да ја подигнам свеста на народот кон Леукемијата и другит видови на рак на крвта од која лугето страдаат  ’’ изјави Братан.

Фондацијата преставува највисока организација во Австралија за собирање средства против рак на крвта, обезбедувајки бесплатна услуга и поддршка во секоја држава и територија на цела Австралија. 

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News