MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » WHATSAPP СО НОВА И МНОГУ ПОТРЕБНА ОПЦИЈА ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
 
WHATSAPP СО НОВА И МНОГУ ПОТРЕБНА ОПЦИЈА ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
17.07.2017, 11:11:07
 
 
 

За корисниците на WhatsApp пристигнува добра вест – на најновата верзија на апликацијата е додадено својство кое е многу потребно за корисниците.

.

Со WhatsApp може да се праќаат слики, видеа и гифови на пријателите. Но сега, тоа не е сѐ.

Корисниците на Андроид и иОС сега ќе можат да праќаат и фајлови, меѓу кои МП3 и ПДФ со големина до 100 мегабајти. Со ова апликацијата ќе може да се користи и на работа, со што ќе се испраќаат фајлови кои претходно морало да се пратат преку е-маил.

Исто така на новата верзија е овозможено да се селектираат слики и видеа директно од екранот на камерата. Таа и ќе ги групира фотографиите што ги праќате на еден примател во албум.

Ажурираната верзија наскоро ќе биде достапна за преземање и за Андроид и за Ајфон.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News