MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » АВСТРАЛИСКИТЕ СЕСТРИ КАРДАШИЈАН ГИ ЗАПАЛИЈА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
 
АВСТРАЛИСКИТЕ СЕСТРИ КАРДАШИЈАН ГИ ЗАПАЛИЈА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
17.07.2017, 10:55:44
 
 
 

Речиси секоја земја има своја верзија на семејството Кардашијан. Така сега на ред дојдоа и австралиските сестри.

.

Двете сестри Ели-Џин и Холи Дејз велат дека се разликуваат од популарните риалите ѕвезди затоа што имаат голем број таленти. Тие се занимаваат со сурфање и се натпреваруваат на Австралија Опен во сурфање оваа недела. Меѓутоа луѓето постојано зборуваат за нивната популарност на Инстаграм. Моментално имаат повеќе од милион следбеници и најмногу благодарение на снимките и фотките од плажа. 

Јасно ни е зошто не поврзуваат со ова семејство. Но ние сме очигледно талентирани а не неверојатно богати, вели Ели (22).

Тие пораснале патувајќи во приколка а сега по нивните фотографии може да се забележи дека живеат доста луксузен живот.

Се школувале дома а благодарение на спонзорствата од Биалбонг и можноста да станат ИМГ модели, тие сега летаат со авиони, пијат коктели и убаво се забавуваат.

Русокосите сестри се многу амбициозни и нивната желба е еден ден да се квалификуваат за професиопнална турнеја.

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News