MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ЦРВЕНИТЕ ГО ОБЕЗБЕДИЈА ПОТПИСОТ НА ТУРСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ
 
ЦРВЕНИТЕ ГО ОБЕЗБЕДИЈА ПОТПИСОТ НА ТУРСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ
17.07.2017, 10:35:39
 
 
 

Аделаид Јунајтед потпишаа со искусниот турски интернационален дефанзивец, роден во Австралија, Ерсан Ѓулум на сезонски- заем од кинескитот клуб Хебеј Чајна Фортун.

.

Ѓулум, 30, повеќето од својата кариера ја има поминато играјќи за гигантите од Турската Супер Лига како Бешикташ.

Роден е во Мелбурн од страна на турски родители за што подоцна и со право одбира да ја преставува Турција во фудбалот, одигрувајќи седум настапи по неговото меѓународно деби кое го имаше во 2013.

Разновидниот бранител играше за Хјум Сити пред да се префрли во Турскиот клуб Манисаспор во 2005.

‘’ Слушнав прекрасни работи за градот и навистина сум нетрпелив да започнам да работам во професионалната средина под водство на силниот европски менаџер како што е Марко Курц ’’

‘’ Австралискиот фудбал има многу направено за мене па сега сум овде да ја возвратам услугата со тоа што ќе работам напорно секој ден на тренинзите и се надевам дека ќе придонесам за успех на клубот оваа сезона ’’ изјави Ѓулум.

Шефот пак на Црвените, Курц изјави дека ова е првото потпишување за оваа сезона и е задоволен со изборот кој го имаат направено бидејќи Ѓулум го познава уште од времето во Европа кога играл и го предводел тимот на Бешикташ, и нема сомнежи за тоа дека ова е вистинското нешто за неговиот клуб.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News