MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ФРУМ И ПОНАТАМУ ЛИДЕР НА ТУР ДЕ ФРАНС
 
ФРУМ И ПОНАТАМУ ЛИДЕР НА ТУР ДЕ ФРАНС
17.07.2017, 09:38:33
 
 
 

Бауке Молема е победник на петнаесеттата етапа на велосипедската трка Тур де Франс. Холандскиот велосипедист стигнал прв на целта на етапата долга 189,5 километри, но целосните резултати не донесоа промени во генералниот пласман.

.

Молема го освоил првото место пред Италијанецот Диего Улиси и Французинот Тони Галопен, а Крис Фрум доцнел повеќе од 6 минути зад победникот oткако имал механички проблем и морал да го замени задното тркало на велосипедот.

Сепак, тоа беше доволно за Британецот да го задржи првото место и жолтата маичка, а следната етапа ќе ја дочека со 18 секунди предност пред второпласираниот Фабио Ару.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News