MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » 14 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО
 
14 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО
17.07.2017, 09:59:00
 
 
 

Дури 14 граѓани се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на автопатот Куманово -Крива Паланка. До несреќата дошло кога се судриле автобус и два автомобила. Во несреќата повреден е и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи.

 

.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случилна клучката на автопатот граничен премин Табановце - Куманово на кракот кој вклучува кон магистралниот пат за Куманово и Крива Паланка.

При судирот поранешниот министер кој се превезувал со еден од автомобилите марка „Ренџ ровер“ се здобил со телесни повреди, Две лица се тешко повредени и пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а 11 лица со телесни повреди се пренесени во Медицинскиот центар во Куманово. 

Гужвата по патиштата, но и врнежите од дожд синоќа дополнително го отежнаа сообраќајот низ земјава. Покрај сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Куманово-Кр.Паланка, во која се повредени 14 лица, се случи и несреќа во Дојран.

Како што може да се види на фотографијата, која беше објавена на социјалните мрежи, на влажниот коловоз на патот меѓу Стар и Нов Дојран, дошло до несреќа при што еден автомобил е превртен на покрив.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News