MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД СВАДБАТА НА МИРАНДА КЕР
 
ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД СВАДБАТА НА МИРАНДА КЕР
17.07.2017, 07:10:00
 
 
 

Пред помалку од два месеци, Миранда Кер и Еван Спигел се заколнаа на вечна љубов на интимна церемонија во дворот на својата куќа во Брентвуд, Лос Анџелес.

.

 

Модната библија „Вог“ ги има ексклузивните фотографии од венчавката на славниот пар.

Шармантната невеста блесна во венчаница од високата мода на Диор, дизајнирана од Марија Грација Кјури.

Во видеото, 34-годишната манекенка открива дека невестинскиот фустан бил инспириран од венчаницата на Грејс Кели.

„Морам да признаам дека Миранда не е тешка личност за соработка. Сакаше нешто како излезено од бајка и ми даде идеја да направам фустан кој ќе биде истовремено емоционален и едноставен“ – изјавила дизајнерката.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret и основачот на Snapchat ја започнаа својата врска пред две години, а објавија дека се верија во јули минатата година.

Ова е втор брак за Кер, која претходно беше во брак со Орландо Блум. Миранда и Орландо заедно имаат едно дете – шестгодишниот син Флин.

 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News