MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » ЈУНКЕР СО ЗАКАНИ КОН ТУРЦИЈА
 
ЈУНКЕР СО ЗАКАНИ КОН ТУРЦИЈА
17.07.2017, 07:05:00
 
 
 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и порача на турската влада дека ако донесе смртна казна,ќе и биде затворена вратата за членство во ЕУ.Една година по обидот за државен удар, Јункер забележа дека раката на Европа е се уште подадена за Турција, но тие што сакаат да влезат во Унијата треба да ги почитуваат и нејзините вредности.

.

 

Јункер, во неговиот напис во германскиот весник „Билд“ пишува дека снимките на кои се прикажува напаѓањето на парламентот за време на државниот удар, како и повредените цивили, оставиле трага врз него.Тој наведува дека таа ноќ, кога не се знаеше како ќе заврши обидот за државен удар, од монголскиот град заедно со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини во име на целата ЕУ го осудиле овој напад врз демократските институции во Турција.

„Ние во тешките денови бевме и сме со Турција“ додаде тој.

Јункер тврди дека ЕУ сака демократија во Турција, земјата да биде стабилна и да има успех во економијата.

„Една година по обидот за државен удар раката на Европа е подадена“, вели Јункер, истакнувајќи дека Европа веќе јасно го кажува своето мислење, и дека очекуваат Турција да го каже своето мислење за Европа, како и да им се придружи на европските вредности.Јункер напиша дека Турција не сака да се оддалечува од Европа, туку да се зближува.

Претседателот на Европската комисија истакна дека продолжуваат јасно да разменуваат мислења за оваа тема, како и за различни прашања со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој напиша исто така дека бројот на бегалците кои влегле во Грција преку Турција е намален за 97 отсто по стапување во сила на договорот и дека над 7.600 сиријски бегалци редовно се испратени во Европа после април 2016 година. Исто така, Јункер нагласи дека бегалците во Турција досега се поддржани со 1,6 милијарди долари.Во тој контекст, Јункер нагласи дека верува оти со мали чекори може да се направи големо влијание.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News