MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ЈОТОВСКИ ГО ОСВОИ СЕДМИОТ ТРОФЕЈ ВО КАРИЕРАТА
 
ЈОТОВСКИ ГО ОСВОИ СЕДМИОТ ТРОФЕЈ ВО КАРИЕРАТА
16.07.2017, 17:35:44
 
 
 

Нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски ја освои и седмата титула во кариерата  откако во крајно драматичен меч  го совлада големиот противник Шпанецо Гилјером Оласо со 7-6,6-7 и 7-6 во Грузија. Сите три сета беа неизвезни и возбудливи и беа решени во тај-брејкот. На крајот теренот со радост и кренати раце го напушти Јотовски кој го освои турнирот вреден 15000 долари.

.

Нашиот тенисер можеше да го реши мечот уште со вториот сет во кој успеа да се врати по загубен сервис и да поведе со 5-0 во тај-брејкот но како да се уплаши од шансата и дозволи противникот да го освои сетот и да се спаси од пораз.  

 Драмата продолжи и во третиот сет, кога Јотовски се спаси од негатива од 3:5, спаси 4 меч топки, а потоа пак во тај-брејк имаше повеќе нерви и енергија и славеше со 7:4. Меч што Јотовски ќе го памети и што му донесе нова титула и нови рејтинг поени на светската ранг-листа.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News