MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ЗА ПРВ ПАТ ТРИ АВСТРАЛИСКИ КОМПАНИИ НА ЛИСТАТА НАЈВРЕДНИ БРЕНДОВИ ВО СВЕТОТ
 
ЗА ПРВ ПАТ ТРИ АВСТРАЛИСКИ КОМПАНИИ НА ЛИСТАТА НАЈВРЕДНИ БРЕНДОВИ ВО СВЕТОТ
16.07.2017, 14:07:33
 
 
 

Компаниите „Google“, „Apple“ и „Microsoft“ се највредните брендови на светот, покажуваат најновите истражувања на фирмата „BrandZ“. 

.

Онлајн трговијата „Amazon“, која оваа година започна со работа и во Австралија, го истисна „Facebook“ од четвртата позиција. Овој пат на листата на 100 највредни брендови се и три австралиски компании: „Commonwelth Bank“ е на 60 место, „ANZ Bank“ е на 75 место, а компанијата „Telstar“ е рангирана како 88.

Новите имиња на листата се компаниите „Snapchat“, „Netflix“,„YouTube“ и маркетинг веб страницата „Salesforce“.

Оваа година приходот на водечките 100 брендови е зголемен за 8 проценти и достигнал износ од 3,64 трилиони долари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News