MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » 200 000 ДОЛАРИ ШТЕТА ПОРАДИ СЕЛФИ ВО АМЕРИКА
 
200 000 ДОЛАРИ ШТЕТА ПОРАДИ СЕЛФИ ВО АМЕРИКА
16.07.2017, 13:57:22
 
 
 

“Селфито” е убаво кога си меѓу пријатели, но не и меѓу уметнички дела.

.

Една  жена демонстрира колку штетни можат да бидат селфијата, уништувајќи серија од предмети на уметноста во потрага по совршен агол.

Момент на буквално катастрофалната суета беше фатен на видео во уметничкиот  простор  за инсталации и изложби “Фортијнт фактори” во “Линколн Хајтс”, Лос Анџелес.

На снимката се гледа како предметната жена се наведнува наназад, барајќи совршен агол за сликата за време на изложбата “Хиперкејн” со седиште во Хонгконгна  уметникот Симон Бирш и други меѓународни колаборатори. Наоѓајќи го аголот, таа ја загуби рамнотежата, па жената пго урива  пиедесталот, а со него и скулптурата одозгора. Следејќи го тој  “домино ефект” одеднаш целиот ред уметнички дела се наоѓаат уништени на подот.

Според податоците на “Ел Еј Тајмс” инцидентот се случил пред 2 недели и предизвика непоправлива штета на близу 12 скулптури, од кои некои изградени од благородни метали, мермер, дрво, најлон и метални отпадоци. Според првичните проценки нанесените штети изнесуваат повеќе од 200 000 долари. Ова е дефинитивно едно скапо селфи , нели.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News