MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » РАЈ ЗА МАЖИТЕ ГРАД КАДЕ СИТЕ ИМААТ ПО НЕКОЛКУ ДЕВОЈКИ
 
РАЈ ЗА МАЖИТЕ ГРАД КАДЕ СИТЕ ИМААТ ПО НЕКОЛКУ ДЕВОЈКИ
16.07.2017, 13:44:33
 
 
 

Градот Дунгуан во Кина е необично место – во него мажит немаат шанси да бидат сами, а жените ги плаќаат пијачките.

.

Многу мажи ширум светот се мачат по прашањето како да најдат девојка, но не и жителите на градот Дунгуан.

Таму разликата меѓу бројот на жени и мажи е голема, па на секои 89 мажи доаѓаат 100 жени, што е предизвикано од политиката на вработување – локалните фабрики постојао бараат женски работнички, додека мажите се иселуваат пишува The Independent.

Поради дефицит од мажи, не е чудно што еден маж има и до три девојки, а еден од нив дури изјавил дека е срамота да се има само една девојка.

Иако трендот на полиаморија во тој град е предизвикан од индустријата, се чини дека мажите не се бунат.

„Во градот е многу полесно да најдеш девојка отколку работа. Јас имам три, како и многу од моите пријатели. Девојките меѓусебно се познаваат и знаат се една за друга, ништо не се крие“, вели тамошниот работник во фабрика Сијао Лин.

„Оваа ситуација ја сметаме за нормална. Секаде има прекрасни, млади девојки, па би било штета да бидат сами. Нивната цел не се парите или нешто друго, природно е да сакаат машко друштво“, вели Лин.

Таму не е невообичаено жените да платат пијачка или вечера со оглед на тоа дека повеќето се вработени.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News