MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » НИМИЦ И КОЅИЈАС УТРЕ ВО БРИСЕЛ ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО
 
НИМИЦ И КОЅИЈАС УТРЕ ВО БРИСЕЛ ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО
16.07.2017, 14:00:00
 
 
 

Посредникот во спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, утре во Брисел ќе се сретне со  грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Како што соопштија од канцеларијата на Нимиц, средбата ќе се оддржи на барање на Грција, а целта на разговорот, кој следи по посетата на Нимиц на Македонија, е да се дискутира околу пронаоѓање на начин за напредок во преговорите околу спорот за името, пренесе ТВ 24 Вести.


 

.

Метју Нимиц не донесе никакво  решение за спорот со името при посетата на Македонија, пренесе ТВ Нова.

Дали подготвил некаков предлог за Коѕиас или пак само ќе го ислуша? Според официјалното соопштение на грчкото министерсвото за надворешни работи медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас во Брисел но детали за средбата не откриваат.  Коѕиас пред неколку дена во телевизиско интервју за грчката телевизија Антена посочува дека во понеделник ќе оди на преговори. Прашан за тоа кои се црвените линии на грчката влада во спорот за името Коѕиас не сакаше да одговори.

„Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап неколку дена претходно“, рече шефот на грчката дипломатија.

Пораката од Солун која беше испратена по трилатералката Ципрас-  Виучиќ- Борисов беше јасна – без решен спор за името нема поддршка за Македонија. Без претставник од нашата држава таму се разговараше за односите со Скопје.

Нимиц минатиот месец беше во Скопје. Не донесе предлог. Со македонските власти разговарал како да се интензивира процесот за решавање на деценискиот спор. Од Македонија како што беше досегашната пракса не замина веднаш за Атина. бидејќи грчкиот министер за надворешни работи имал неодложни обврски поврзани со кипарското прашање.

Инаку Во вторник, , во Брисел се одржува советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Македонија. Средбата ќе ја водат шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, до неа ќе биде комесарот за проширување Јоханес Хан, а македонската делегација ќе ја води Димитров. Министерот Димитров во понеделник пристигнува во Брисел, но засега нема најави за можна средба со грчкиот колега Коѕиас. Двајцата министри се сретнаа во Атина на 14 јуни каде што шефот на грчката дипломатија јасно го повтори веќе познатиот став -прво решавање на спорот со името а потоа подршка од официјална Атина.

– Европската комисија ја поддржува европската перспектива на Балканот, Грција, Бугарија и Србија можат да одиграат значајна улога како стаблизирачки фактор во регионот – рекол грчкиот премиер.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, порачал моделот на Југославија да не се повторува, туку Балканот да го заземе местото на Велика Британија во ЕУ. Според него, други држави имаат амбиции да имаат влијание на Балканот.

– Немам ништо против да го сакаат Балканот, но да се мешаат во внатрешните работи на државите на Балканот е нешто што ме вознемирува – изјавил Борисов.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата по средбата истакнал дека трите земји кога се заедно се не само трипати, туку десетпати посилни, отколку кога настапуваат поединечно. Тој нагласил дека Србија е подготвена заедно со Грција и со Бугарија да учествува во различни проекти, кои се од економски, но и од политички интерес за трите земји и нации.

Тие разговарале за заеднички инфраструктурни проекти како и европските перспективи.

На заедничката прес-конференција во Солун со српскиот претседател Александар Вучиќ, Ципрас истакнал дека „одлуките на Европскиот совет и на Самитот на НАТО се дека прво мора да се реши прашањето за името, на заеднички прифатлив начин“, пренесува „Катимерини“.

Ципрас потврдил дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, имаат редовни контакти и оти грчкиот министер за надворешни работи наскоро ќе разговара со медијаторот Метју Нимиц за прашањето за името.

Грчките медиуми најавуваат дека спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе биде една од темите на денешната трилатерална средба во Солун меѓу Ципрас, Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесе Тв Нова.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News