MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПРАШИНА ОД МЕСЕЧИНАТА СТАВЕНА НА АУКЦИЈА
 
ПРАШИНА ОД МЕСЕЧИНАТА СТАВЕНА НА АУКЦИЈА
16.07.2017, 13:36:33
 
 
 

Примерок од прашината што првиот човек кој стапна на Месечината, Нил Армстронг ја донесе од Земјиниот сателит се нуди на продажба во њујоршката аукциска куќа „Сотби“ и се очекува дека тој симбол на славните денови на американската вселенска програма да достигне цена меѓу два и четири милиони долари.

.

Тоа е една од 180 работи поврзани со патувањето во Вселената, што „Сотби“ ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48-годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година.

Прашината е првиот примерок од Месечината во историјата.

На аукцијата ќе биде понудена и фотографија на вториот човек што стапна на Месечината, Едвин Олдрин, кој се проценува меѓу 3.000 и 5.000 долари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News