MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ТУРЦИЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ СПРАВИ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЃУЛЕН
 
ТУРЦИЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ СПРАВИ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЃУЛЕН
16.07.2017, 13:04:00
 
 
 

Турската влада ја повикува Македонија да се справи што поскоро со невладините организации, фирми и училишта кои се поврзани со организацијата на Ѓулен Фетула, а кои се уште се активни во државата доколку сакаме да го одржиме одличните односи со оваа држава. Ова го истакна амбасадорката на Република Турција во државата Тулин Еркал Кара на  комеморацијата во Скопје по повод една година од неуспешниот обид на државниот удар во Турција.

 

.

Таа рече дека Македонија била една од првите држави што покажале солидарност со турскиот народ на 15 јули, но дека една година подоцна со жалење констатира дека во државата се уште се активни организации блиски на ФЕТО на Фетула и директно му се обрати на вицепремиерот Кочо Аѓушев кој беше претставник на македонската влада на настанот.`

-Во овој контекст особено е битно да не бидат поддржани приврзаниците на ФЕТО во Македонија. Во претходниот период беше донесена одлука за окончување на активностите на овие организации, како што е на пример училиштата поврзани со организацијата МАРИФ, но не е направен соодветен чекор...Почитуван потпретседател на Влада свесна сум дека на вашите плеќи ставам еден огромен товар, меѓутоа оваа борба со терористистичката организација треба да ја извршиме рамо до рамо. Почитуван г. Агушев големи се нашите очекувања од Македонија.

Вицепремиерот пак, ја искажа солидарноста на Македонија со жртвите од настанот, но се осврна повеќе на економските односи меѓу двете држави. Аѓушев истакна дека очекува поголема трговска размена од 450 милиони евра на годишно ниво и 216 милиони евра странски инвестиции од Турција.

Писмени изјави на солидарност од македонската страна испратија и шефот на државата Ѓорше Иванов, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

На настанот присуствуваа и поглаварот на ИВЗ, како  амбасадорот на САД Џес Бејли. Централниот настан за одбележување на годишнината почна со едноминутно молчење за 250 жртви од настаните на 15 јули и видео презентација од хронологијата на настаните во која беше прикажано како од 22 часот вечерта на 15 јули кога почнаа нападите врз турските институции, па се до пладнето на 16 јули турските власти се справија со државниот удар.

Дополнително, амбасадорката пак, ја објасни и одлуката за прогласување на вонредна состојба во тие моменти во земјава која беше критикувана од западот повикувајки се на слични активности на војската што ги преземаат државите од запдна Европа по само еден терористички чин, пренесе ТВ Сител.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News