MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » ЧИСТЕЊЕ НА ИЗЛИЕНА НАФТА СО ЧОВЕЧКА КОСА
 
ЧИСТЕЊЕ НА ИЗЛИЕНА НАФТА СО ЧОВЕЧКА КОСА
16.07.2017, 07:55:00
 
 
 

Според ново истражување направено во Австралија, отсечената човечка коса би можела да се искористи за чистење на еколошките катастрофи како што се излевањето на нафта.

 

.

Ребека Пањуко, студент од технолошкиот универзитет во Сиднеј (UTS) вели дека за чистење на контаминираните зони може да се користат синтетички продукти, поточно разни работи направени од полипропилен или други видови на пластични полимери. Меѓутоа, некои од овие дисперзанти можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист при чистење на нафта од локациите, бидејќи самите тие ја загадуваат водата.

Ребека и нејзиниот супервизор од UTS сметаат дека исечената коса од фризерските салони наместо да се фрла, би можела да се искористи за чистење на контаминираните зони, бидејќи таа е природен биосорбент која може да апсорбира 3-9 пати повеќе нафта од сопствената тежина. Останати слични опции би биле памукот и волната, но тие чинат многу повеќе и веќе постои голема (и покорисна) побарувачка за нив во останатите индустрии. Во споредба со нив, косата нема никаква вредност бидејќи штом се исече, веќе станува отпад.

Ребека исто така смета дека косата би можела да се користи за чистење по неколку пати, без значително да и се намали апсорбциската моќ.

 

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News