MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » СЕ ОЖЕНИ СРПСКОТ ПРИНЦ ЏОРЏ КАРАЃОРЃЕВИЌ
 
СЕ ОЖЕНИ СРПСКОТ ПРИНЦ ЏОРЏ КАРАЃОРЃЕВИЌ
16.07.2017, 08:05:00
 
 
 

Во Опленац вчера се венчаа принцот Џорџ Караѓорѓевиќ и Британката  Фелон Рајман.

.

 По црковната венчавка  Белата палата организираше прием за повеќе од 300 гости од земјата и од странство.На свадбата на принцот Џорџ, син на починатиот Томислав Караѓорѓевиќ и принцезата Линде, со Фелон Рајман присуствуваа  кралското семејство, преставници на Владата и на Собранието на Србија,на српскиот јавен живот, како и странски дипломати.
Домаќини на церемонијата  беа принцот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина кои им посакаа на  младенците среќа во бракот.

“Ви благодариме што сте со нас  на овој посебен ден кога го славиме бракит меѓу  Фелон  и Џорџ. Тие сега си ветија дека ќе го поминат заедничкиот живот  во љубов, хармонија и взаемно почитување“,  изјави принцот Александар на церемонијата.

Младиот пар веќе имаше една свадбена церемонија во Шкотска во јули минатата година.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News