MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ТАМАРА ОТКРИ ДЕКА НЕ И Е ЛЕСНО ВО ЖИВОТОТ, А ТУКА СЕ ПРОНАЈДЕ И КРИСТИНА АРНАУДОВА
 
ТАМАРА ОТКРИ ДЕКА НЕ И Е ЛЕСНО ВО ЖИВОТОТ, А ТУКА СЕ ПРОНАЈДЕ И КРИСТИНА АРНАУДОВА
16.07.2017, 08:15:00
 
 
 

Пејачката Тамара Тодевска освен тоа што е посветена мајка, вредно работи и на кариерата, па своето време освен за Хана го посветува и на настапите.

.

 

Реализираните мајки добро знаат дека да се чува дете не е така едноставно, тоа има многу потреби кои родителите му ги исполнуваат со задоволство. Но, за тоа треба енергија и повеќе од нормално, а на мама Тамара периодов веројатно  и е потребна повеќе од обично.

Хана штотуку прооди, па се и е интересно, сака да го дофати и види, а покрај неа мора да биде мама и да и ги исполнува сите желби.

-Супер мама, супер жена, супер уморна“, објави пејачката статус на Инстаграм, а во тоа се пронајде и нејзината колешка Кристина Арнаудова која ја дополни со коментарот:– Супер, мега, гига уморна, напиша Кристина.Сепак, веруваме дека сите родители ќе се сложат дека уморот од децата е најсладок, а веројатно е така и за Тамара и Кристина кои сигурно како супер жени имаат и супер моќи!

 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News