MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ПОПРВО БИ УМРЕЛА ОТКОЛКУ ДА БИДАМ ШЕРОН ИЛИ ВИТНИ ПРИЗНАВА МАДОНА
 
ПОПРВО БИ УМРЕЛА ОТКОЛКУ ДА БИДАМ ШЕРОН ИЛИ ВИТНИ ПРИЗНАВА МАДОНА
16.07.2017, 08:00:00
 
 
 

Писмо од познатата американска пејачка Мадона кое било напишано пред 25 години до нејзиното тогашно момче неодамна го здогледа светлото на денот.

.

Мадона во писмото признава дека им завидува на Шерон Стоун и Витни Хјустон на нивната кариера.

Емотивното писмо од раните деведесетти, пејачката му го напишала на тогашниот дечко Џони Еносу.

-Многу е фрустрирачки да читам дека Витни Хјустон ја има музичката кариера која јас ја сакам, а Шерон Стоун филмска каква што никогаш нема да имам. Попрво би умрела, отколку да бидам на местото на овие жени кои се толку просечни, што тоа е страшно, пишува во писмото.

Сепак, Стоун и прости на Мадона за писмото.

-Ти си ми пријателка. Некогаш сакав да бидам рок ѕвезда и се чувствував просечно, како што си напишала. Те сакам, напиша актерката.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News