MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ХАМИЛТОН ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРИТАНИЈА
 
ХАМИЛТОН ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРИТАНИЈА
15.07.2017, 18:44:33
 
 
 

Луис Хамилтон стигна до пол-позиција на ГН на Британија, возачот на Мерцедес беше неприкосновен и за половина секунда побрз од двоецот на Ферари.

.

Дождот најави возбудливи квалификации, но Луис Хамилтон со маестрално издание придонесе да нема дилема околу тоа кој ќе стартува од пол-позиција.

Возачот на Мерцедес, на крилјата на домашната публика во својот последен брз круг постави време од 1:26.600 и беше половина секунда побрз од двоецот на Ферари.

Второ најбрзо време имаше Кими Раиконен, кој со време од 1.27.147 беше подобар од тимскиот колега Себастијан Фетел.

Валтери Ботас имаше четврто најдобро време, но ќе стартува дури како девети поради промена на менувачот.

Помеѓу најбрзите десет уште се најдоа Макс Верстапен, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Естебан Окон, Стофел Вандрон и Роман Грожан.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News