MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » МУГУРУЗА ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН
 
МУГУРУЗА ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН
15.07.2017, 18:39:33
 
 
 

Гарбиње Мугуруза со 2-0 во сетови ја победи Венус Вилијамс и го освои својот прв трофеј на Вимбдлон, нејзина втора грен слем титула.

.

Вимблдон има нова победничка, Гарбиње Мугуруза за прв пат го освои трофејот на најголемиот тениски турнир откако ја совлада Венус Вилијамс.

Вилијамс беше одлична во првиот сет, имаше две сет топки, но откако не ги искористи следуваше вистински пад, Мугуруза го освои со 7-5 и поведе со 1-0.

А во вториот сет следуваше вистински дебакл на Американката, Мугуруза не загуби ниту еден гејм, со 6-0 го освои вториот сет и дојде до голема, огромна победа.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News