MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » АВСТРАЛИЈА ЌЕ ИНКАСИРА ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СПОРОТ СО PHILIP MORRIS
 
АВСТРАЛИЈА ЌЕ ИНКАСИРА ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СПОРОТ СО PHILIP MORRIS
15.07.2017, 07:00:00
 
 
 

Тутунски гигант Филип Морис мора да и плати на австралиската влада милиони долари, откако безуспешно се обиде да ја тужи државата поради законот кој се однесува на пакувањето на тутунските производи, јавува BBC.

.


Во Австралија во 2012 година е донесен закон според кој сите тутунски производи мора да имаат исти обележја без видливо истакнат бренд, и истакнати здравствени предупредувања, што Филип Морис по судски пат се обидел да го отстрани, но во 2015 година го изгубиле спорот и сега мора да ги платат судските трошоци.

Точниот износ го одредил меѓународниот Постојан арбитражен суд  (PCA), а наводно изнесува 50 милиони австралиски долари.

Во мај, Светската трговска организација (СТО) утврди дека австралискиот закон е легитимна здравствена мерка, што значи дека, најверојатно, ќе биде усвоен и во други земји.
Откако е воведен законот и претставена новата обврска за означување на тутунски производи, Philip Morris, Imperial Tobacco и Japan Tobacco се жалеле на австралискиот суд.

Откако не успеала жалбата, Филип Морис се обратил до арбитражниот суд со аргумент дека законот не во согласност со Договорот за билатерални вложувања во Австралија и Хонг Конг.

Судот го отфрли случајот на компанијата нарекувајќи го „злоупотреба на правата“, а од Филип Морис изјавиле дека правните трошоци се неразумно високи споредувајќи ги со слични случаи во Канада и во САД, каде што изнесуваат 4,5 односно 3 милиони евра.

Откако Австралија го воведе овој закон, слични политики се воведуваат и во другите земји.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News