MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » АРСЕНАЛ БЛЕСНАА ПРОТИВ ШАМПИОНОТ ВО А ЛИГАТА
 
АРСЕНАЛ БЛЕСНАА ПРОТИВ ШАМПИОНОТ ВО А ЛИГАТА
14.07.2017, 10:34:33
 
 
 

Во забавниот пријателски натпревар, гигантите од Англиската Премиер Лига, Арсенал во четвртокот навечер приредија шоу за паметење поразувајќи ги Сиднеј ФК со 2-0 на АНЗ Стадионот.

.

Околу 80,000, фанови за своите пари добија навистина неверојатно шоу со тоа што Топџиите пред нив го покажаа својот класичен и остар стил на игра уште од самиот почеток.

Сиднеј ФК пак се држеа цврсто на теренот по само десет дена од нивните пред-сезонски натпревари, давајќи им шанса на младите играчи да настапат на глемата сцена кон крајот на натпреварот.

Првиот гол беше постигнат во 4 минута од страна на Пер Мартесакер кога домаќините не успеаа да го исчистат теренот кога беше изведен корнер а големиот германски дефанзивец Месут Озил ја насочи топката директно во голот поминувајќи покрај Ендру Редмејн.

Подоцна кон крајот на натпреварот по бројни шанси за поентирање од двете страни, во 82 минута новопотпишаниот французин од Арсенал, Алекс Лакасет се најде на вистинското место пред голот.   

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News