MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » БОСАНКА СЕ ОМАЖИ ЗА 32 ГОДИНИ МИЛЈАРДЕР ОД СИДНЕЈ
 
БОСАНКА СЕ ОМАЖИ ЗА 32 ГОДИНИ МИЛЈАРДЕР ОД СИДНЕЈ
19.05.2017, 14:00:00
 
 
 

39-годишната Нади Хасандедиќ, која е по потекло од Босна и Херцеговина, се омажила за 32 години постариот мултимилионер од Сиднеј, Невил Кричтон.
 

.

Венчавката била најавена како настан на годината во Австралија, бидејќи за неа пишувале сите светски медиуми откако било откриено дека на истата се потрошиле околу милион долари. Нади за "Avaz" дала ексклузивно интервју во кое открила детали од својот приватен живот.
Нејзиниот татко долги години живеел во Австралија пред да се врати во Мостар, каде ја запознал нејзината мајка. По венчавката, се вратиле во Австралија, каде е родена, а по војната повторно го посетиле Мостар. Само неколку месеци подоцна, таткото на Нади умрел од рак.

 
Нади истакнува дека често го посетува градот на Неретва, кој го посетила и со својот сопруг. "Се обидувам да дојдам секоја година, да се видам со семејството и пријателите. Невил, меѓутоа, секоја година оди на Формула 1 во Монако, така што неговото лето е долу, моето во Мостар или на Јадранот. Сега се договоривме половина од одморот да го минеме во Монако, а половина во БиХ", вели Неди. 

Многу ги прозивале поради разликата во години, но таа вели дека совршено се надополнуваат. "Невил ја сака мојата реалност и тоа што имам, како што вели, старинска душа која е слична на неговата, бидејќи тој има млад дух и поглед на животот, па така се наоѓаме на пола. Мојот сопруг сака брз живот, сака да работи и да се забавува, а јас сум спротивно од него, повеќе на земја", изјавила таа. 

Открила и како се запознале. "Се запознавме преку некои пријатели, случајно на ручек за Божиќ. Не мислевме дека меѓу нас ќе се случи нешто повеќе од пријателство, посебно поради разликата во години, но, ете, се случи, бидејќи сфатив дека неговиот изглед и години не се важни", вели Нади. 

Нејзиниот сопруг Невил се збогатил со увоз на автомобили, од што заработил 400 милиони долари. Неодамна купил вила вредна 33 милиони долари, во која ќе живее новиот брачен пар. Нади е повеќе од задоволна со организацијата на свадбата. 

"Венчавката беше бајковита, не можеше да биде поубаво, многу романтично, и што е најважно, сите гости беа задоволни", рекла таа. Додала и дека не слушале босанска музика на свадбата, а дека омилен пејач и е Халид Бешлиќ и песна "Милјацка". На венчавката носела венчаница "Ерса Атеље", од која ги извадила дијамантите бидејќи не сакала да бидат премногу. Нивната венчавка ќе ја памети и Универзитетот во Сиднеј, каде свадбата била организирана во нивниот двор.  

Нади работела за "Christian Dior" во Сиднеј, но никогаш не се занимавала со манекенство. Изјавила дека се вклучува во некои проекти во модниот свет, но дека нема премногу време за тоа, бидејќи се занимава со хуманитарна работа. Вели дека го памети убавиот живот во Мостар, и дека БиХ секогаш ќе биде дел од неа. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News