MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » ШВЕДСКА ЈА ПРЕКИНА ИСТРАГАТА ЗА АСАНЖ
 
ШВЕДСКА ЈА ПРЕКИНА ИСТРАГАТА ЗА АСАНЖ
19.05.2017, 14:20:00
 
 
 

По речиси седум години, шведското Обвинителство се откажа од прелиминарната истрага за наводно силување за што е обвинет основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

 

.

Сепак истрагата може да биде повторно отворена доколку Асанж се врати во Шведска пред тужбата да застари.

Јавната обвинителка Маријане Ни изјави дека европската потерница за Асанж по обвинувањата за сексуално злоставување е повлечена, бидејќи било заклучено дека испорачувањето во Шведска е невозможно.

Таа истакна дека истрагата сепак може да биде повторно отворена доколку тој се врати во земјата до 2020 година кога делото застарува.


Сепак таа рече дека од оваа гледна точка не може да коментира дали Асанж е виновен или не.

Шведските власти пред 6 месеци извршија разговор со Асанж во Амбасадата во Лондон, и притоа тој ги негирал обвинувањата за силување.

Шведската полиција го бара Асанж за сослушување по четири точки од обвинението за силување и сексуално вознемирување на две жени по неговата последна посета на Шведска во 2010.

Асанж одбива до дојде во Шведска стравувајќи дека може да биде испорачан во САД каде се бара поради објавување на 500.000 тајни воени документи за војните во Ирак и Авганистан.

Британската полиција во меѓувреме соопшти дека Асанж ќе биде уапсен доколку ја напушти Амбасадата на Еквадор.

Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, откако пребега за да избегне испорачување во Шведска.

 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News