MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ВОНДЕРЕРС ПРОМОВИРАШЕ МЛАД НАПАЃАЧ
 
ВОНДЕРЕРС ПРОМОВИРАШЕ МЛАД НАПАЃАЧ
19.05.2017, 13:29:44
 
 
 

Вестерн Сиднеј Вондерерс денес го објави потпишувањето со напаѓачот Абрахам Мајок на две-годишниот договор во Хјундаи А Лигата.

.

Откако за првпат заигра во дресот на Црвено-Црните во 2016/17 сезоа, локалецот од Блектаун ќе направи префрлување од Вондерсовата Национална Младинска Лига/Плејстејшн 4НПЛ, по завршувањето на обврските во Спирит ФК и Мт. Друит Таун Ренчерс.

Во минатата сезона 18 годишникот се има појавено еднаш во Хјундаи А лигата, како и два пати во АФЦ Шампион Лигата.

Сето ова е почеток на едно ново поглавје од неверојатното патување на тинејџерот,

кој е роден во бегалски камп во Кенија на родители од Јужен Судан и има дојдено во Австралија на пет годишна возраст.

Мајорк изјави дека потпишувањето на својот прв професионален договор е еден од најгордите моменти во неговиот живот.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News