MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПРИСТИГНУВА НОВИОТ ФЕЈСБУК МЕСИНЏЕР
 
ПРИСТИГНУВА НОВИОТ ФЕЈСБУК МЕСИНЏЕР
19.05.2017, 11:17:23
 
 
 

Фејсбук го претстави новиот изглед на Месинџер, чиј дизајн е потполно фокусиран на основната цел, т.е. пишување и праќање пораки. Откако Месинџер е одвоена апликација од Фејсбук, постепено му се додаваат сѐ повеќе својства.

.

Новиот почетен екран на Месинџер е дизајниран со цел на корисниците да им служи како почетна точка за комуницирање со сите важни луѓе.
Овие денови пристигнува новиот Фејсбук месинџер кој е значајно попрегледен. Пораките се поставени на средина на екранот, а на дното на апликациите се наоѓаат четири таба: Home, Calls, People и Games.
Најавено е дека ќе биде додаден и петти таб, Discover, кој на корисниците ќе им сугерира кои страници би можело да ги интересираат или кого би можеле да го додадат за пријател.
Во случај да не сте отвориле некоја порака ќе се појави црвена точна на Home табот. Ако сте пропуштиле повик, црвената точка ќе се појави кај Calls. Фејсбук најавува и дека новата надоградена верзија ќе биде достапна за iOs и за Android оваа недела во целиот свет. 

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News