MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ПАТУВАЊА КОИ ЌЕ ВИ ГО ПРОМЕНАТ ЖИВОТОТ
 
ПАТУВАЊА КОИ ЌЕ ВИ ГО ПРОМЕНАТ ЖИВОТОТ
19.05.2017, 11:14:34
 
 
 

Патувањето на непознати дестинации секогаш прави одредена трансформација на нашата личност, на суптилен или на очигледен и траен начин. Патувањата ни нудат нови перспективи, поинаки идеи за себеси и за светот во кој живееме.

Одбравме неколку дестинации за љубителите на поинаквото, оние кои се фасцинираат од книги, историја, култура. За оние патници кои веруваат дека градовите имаат срце, но дека нивното срцебиење не секогаш е во центарот на градот…

.

Буенос Ариес

Ако се запрашавте што бара Буенос Ариес на ваква листа, веднаш да ве информираме дека таму се наоѓа најголемата и најубавата книжарница во светот. Совршеното место за книги се вика El Ateneo Grand Splendid. Таа е направена во објект на стар театар и некогашните седишта и ложи сега се заменети со полици со книги. Оваа книжарница многумина ја нарекуваат хран на книжевноста. Доколку сте непоправливо вљубени во пишаниот збор, време е да чекирате авионска карта за Буенос Ариес.

Пекинг

Од Јужна Америка се селиме во Азија и ве носиме во Пекинг. Таму, не смеете да го пропуштите Забранетиот град. Станува збор за најголемиот и најпосетениот дворски комплекс на светот, а своете име го добил заатоа што до 20-тиот век во дворецот не смеела да влезе никој освен членовите на царското семејство и нивните слуги. Раскош, уметност и историја – се на едно место, за оние кои сакаат да ја откриват историјата.

Истанбул

Знаеме дека Турција моментално се наоѓа во неповолна позиција поради воените конфликти во соседните земји, но Истанбул сè уште останува посетена дестинација. Градот е една сликовита и весела приказна. Првите ваши чекори во Истанбул се чекори во најголемиот музеј на отворено во светот. Аја Софија, Босфор, неверојатно вкусна храна и гостопримливи домаќини за оние кои сакаат поинакви патувања.

Бали

Синонимот за овој остров е тропски рај. Бали низ годините бил пристаниште за сите писатели, уметници, за оние кои бараат спокој и инспирација… Прекрасни пејзажи, диви шуми, километраски плажи, тиркизно море, на Бали имате можност да го доживеете се она што го гледате на филмовите. Иако во последно време на Бали никнаа хотели, ресторани и дискотеки, сепак го задржува приматот на најспокоојно и најинспиративно летувалиште. Бали е приказна која ќе ја паметите засекогаш, затоа внимателно одберете го сопатникот.

Париз

Ретко ќе најдете листа на задолжителни патувања, а, во неа да го нема Париз. Доколку го немате посетено, крајно време е да дознаете зошто се крева толку голема фама за француската престолнина.  Париз не е само град на љубовта, светлината и Ајфеловата кула. Тој е град на уметноста, храната, модата… И Парижаните ќе ви го понудат тоа во „совршена амбаалажа“ каква што нема да пронајдете на друго место.  Шармот на Париз е незаменлив и токму тој привлекува повеќе од 44 милиони туристи секоја година.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News