MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ПОЧИНА КРИС КОРНЕЛ ОД САУНДГАРДЕН
 
ПОЧИНА КРИС КОРНЕЛ ОД САУНДГАРДЕН
19.05.2017, 08:30:00
 
 
 

Крис Корнел беше фронтмен на бендовите Soundgarden и Audioslave, а ја изведе и насловната песна за филмот за Џејмс Бонд од 2006 година Casino Royale.

.

Во соопштението од неговиот претставник за медиумите Брајан Бамбери стои дека Корнел починал „ненадејно и неочекувано“.

Тој додаде дека семејството соработува со судските вештаци за да се утврди точната причина за смртта на 52-годишната музичка легенда.

Корнел починал синоќа, набрзо по концертот со Soundgarden во Детроит.

Тој лани, заедно со бендот што постои од 1984 година, потврди дека се враќаат во студио и на турнеја.

Во 2001 година се приклучи на бендот Audioslave како вокал, покрај поранешните членови на Rage Against The Machine  Том Морело, Тим Комерфорд и Бред Вилк. Бендот се распадна во 2007 година.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News