MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ВИНИ ХАРЛОУ ГОРДО ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО КАН
 
ВИНИ ХАРЛОУ ГОРДО ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО КАН
19.05.2017, 07:55:00
 
 
 

Вини Харлоу магнетски привлекуваше на премиерата на „Loveless' (Nelyubov)“ на Канскиот филмски фестивал.

 

.

 

Синиот балски фустан од Зухаир Мурад пленеше исто толку колку и нејзината инспиративна самодоверба. Иако страда од витилиго, болест која се карактеризира со бели дамки по кожата, 22-годишниот модел не се стреми да ја сокрие нејзината здравствена состојба. Напротив, таа се труди да ја потенцира нејзината уникатност.Додека растела, Вини постојано била исмејувана и навредувана со прекари како „крава“ и „зебра“. Сепак, тие ниски вербални шамари не ѝ ја наведнале главата. Таа смело плива во модните води и сè почесто е гостинка на свечености во светските метрополи и ѕвезда во модни кампањи.

 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News