MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ИВАНОВ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ
 
ИВАНОВ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ
18.05.2017, 15:50:00
 
 
 

Пријателските земји доаѓааа со желба да се надмине кризата, советуваа и не упатуваа како да се постапи но имавме и незгодни средби, телефонски повици со некои лица кои не беа информирани и со погрешни претстави носеа судови без да ги проверат, изјави претседателот Ѓорге Иванов за ТВ НОВА во коментар за меѓународниот фактор во изминатиов период.

 

.

-Треба да не загрижи квалитетот на дел од дипломатите во Република Македонија. Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации кои ги добивала од ниваната амбасада. Апелирам до Германија дека  вакво ниво на дипломати е навреда за нашара земја.  Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со кршење на уставот?, рече Иванов.

Реакција на амбасадорката Алтхаузер, по тврдењето на претседателот на Македонија дека германската амбасада во Скопје ја дезинформира Владата во Берлин
„Германија е голем пријател на Македонија и стоиме подготвено да продолжиме во нашата поддршка“, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер, по синоќешниот настап на претседателот Ѓорге Иванов, кога тој изнесе обвинување дека амбасадорката пренесувала невистинити информации од Македонија до германското МНР и дека „таквото ниво на дипломати е навреда за нашата земја“

„Лично имам одлични професионални односи со претседателот, како и со другите политичари од оваа земја. Мојата работа во Берлин е високо ценета од министерот за надворешни работи и од канцеларката и во постојан контакт сум со властите во Берлин“, изјави Алтхаузер, одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата за соработка меѓу Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.
Претходно, германското МНР во изјава изрази задоволство од доделувањето на мандатот и од тоа што Иванов „по долго размислување, донесе вистинска одлука и се откажа од блокадата“, но потенцираше и дека „оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно, го рефлектира исходот од изборите во декември 2016 во земјата“.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News