MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » АДЕЛАИД ГО ПОТВРДИ ЗАМИНУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ
 
АДЕЛАИД ГО ПОТВРДИ ЗАМИНУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ
18.05.2017, 10:38:30
 
 
 

Аделаид Јунајтед потврдија дека пет играчи имаат заминато од клубот, по завршувањето на сезоната 2016/17 од Хјундаи А Лигата.

.

Дилан МекГован, Среџио Сирио, Џотџ Мелс, Џон Хол и Џеси Макаронас сите си заминаа од клубор по завршувањето на нивните договори.

МекГован, Сирио, Мелс и Хол сите беа вклучени во историската клубска победа на Премиер лигата и двојната победа на првенството во Хјундаи А-лига во 2015/16.

Преговорите за договорите на Јуџин Галекович, Марсело Каруска и Икапо ла Рока се во тек, така да нивната иднина за во клубот зависи од повеќе фактори.

И за иднината на Ким Џи-санг, Марк Марино, Марк Очинг и Ели Бабаљ се уште ништо не се знае и треба да се преговара, но пред се клубот сака да назначи тренер пред да се донесе одлука.

На Џордан Елси ќе му биде дадена секоја можност за физички да се докаже по опоравувањето од втората повреда на Вкрстениот Лигамент (АЦЛ).

Генералниот Менаџер за Фудбал на Клубот, Анте Ковачевич, ќе продолжи да ја истражува Австралија за да ги пронајде вистинските таленти се додека не биде назначен тренер. Откако ке се назначи, тогач новиоттренер ке го има последниот збор за трите слободни места за странски играчи, како и за сите останати играчи за да се комплетира тимот за следната 2017/18 сезона.

Во моменталниот состав на Аделаид Јунајтед се:

Исаиса, Баба Дивара, Тарек Елрих, Мајкал Марон, Теилор Реган, Бен Гаруцио, Пол Изо, Рајли МекГри, Никола Милеуснич, Џордан О’Доерти, Рајан Кито, Даниел Маргуш, Бенџамин Ворленд и Лахлан Брук.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News