MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » КОСОВО ЌЕ ИМА СВОЈ ТИМ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
 
КОСОВО ЌЕ ИМА СВОЈ ТИМ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
18.05.2017, 10:34:23
 
 
 

Трепче 89 ќе биде првиот косовски тим што ќе игра во Европа кога на 27 или 28 јуни ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампионите.

.

Трепче е еден од четирите косовски клуба што ги исполнија лиценците на УЕФА за натпреварување во европските купови.

Косово стана член на УЕФА во мај 2016 година, но тогаш ниту шампионите Фероникели, ниту победниците на купот Приштина не ги исполнуваа стандардите за настап во Европа.

Овој пат успеаја да ги исполнат барањата и ќе имаат тројца претставници во Европа, еден во квалификациите од Лигата на шампионите и два во квалификациите на Лига Европа.

Ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и Лига Европа е на 19 јуни, а првите натпревари се една недела потоа.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News