MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » КЛИВЛЕНД ВОДИ СО 1-0 ВО ИСТОЧНОТО ФИНАЛЕ
 
КЛИВЛЕНД ВОДИ СО 1-0 ВО ИСТОЧНОТО ФИНАЛЕ
18.05.2017, 09:51:30
 
 
 

Кливленд забележа победа во првиот натпревар од финалната серија на Истокот, „Коњаницата" со 104-117 триумфираше на гостувањето кај Бостон.

.

Шампионот Кливленд направи брејк и поведе со 1-0 во финалето на Истокот откако утрво славеше во ТД Гарден.

Гостите, предводени од одличниот Леброн Џејмс, водеа од прва до последна минута.

Бостон немаше одговор за играта на противникот, и „Коњаницата“ во еден момент имаше предност од дури 28 поени.

Големата поситива придонесе кошаркарите на Кливленд да се опуштат во завршницата, па конечниот резултат на семафорт на крајот изнесуваше 104-117.

Леброн Џејмс вечерта ја заврши со 38 поени, 7 асистенции и 9 скокови, а одлична партија имаше и Кевин Лав со 32 поени.

Бедли и Кроудер со по 21 поен беа први стрелеци кај Бостон, а најдоброт играч на домаќините, Ајзеа Томас потфрли со само 17 поени.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News