MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ИВАНОВ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ
 
ИВАНОВ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ
17.05.2017, 12:12:00
 
 
 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во 12 часот го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев, се наведува во соопштенито од Кабинетот на Претседателот.

Претседателот Ѓорге Иванов кажа дека пречките за доделување на мандатот за состав на влада се отстранети и му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Пречките за доделување на мандатот се отстранети. Коалицијата на СДСМ која има мнозинство го предложи Зоран Заев за мандатар“, изјави пред малку Иванов и потоа официјално му го врачи мандатот на Заев.

Заев рече дека испорачал изјава во форма во гаранција, со која, меѓу другото, гарантираат заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

.

По неколкумесечен политички вакум, во кој Иванов одбиваше да му го даде мандатот на Заев, денеска од Кабинетот стигна кусо соопштение со кое информираат дека ќе му го даде мандатот на претседателот на СДСМ.

Иванов бараше гаранции од Заев за унитарноста на државата.

Заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави Хојт Брајан Ји во интервју објавено денеска на Балкан Инсајт вели дека верува оти претседателот Иванов ќе ја направи „вистинската работа“ и ќе го даде мандатот за формирање влада на Заев, пренесе Радио Слободна Европа.

Чинот на примопредавање и изјавите во претседателската вила  на Водно во Скопје можете да ги следите тука.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News