MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » СИДНЕЈ ФК СО НОВО ЛОГО И НОВ ДОГОВОР ЗА СТАДИОНОТ
 
СИДНЕЈ ФК СО НОВО ЛОГО И НОВ ДОГОВОР ЗА СТАДИОНОТ
17.05.2017, 10:53:22
 
 
 

Сиднеј ФК започна нова ера во историјата на клубот откривајќи го новото лого и обновување за десет годишен закуп на Алијац Стадионот.

Евулативниот процес на веќе постоечкото лого на Небесно Сините преставува икона на клубот кој пак го преставува градот во најдобро светло.

.

Претседателот Скот Барлоу смета дека новиот дизајн ќе обезбеди поголем поттик и игра на Сиднеј ФК како и тоа да клубот се придвижи кон следната фаза од својот развој.

‘’ Новиот грб преставува доаѓање на нова ера за нашиот клуб. Тоа преставува еволуција на предтходниот дизајн со голем број почитувачки ознаки кон минатото’’

‘’ Сето тоа преставува автетично фудбалско лого кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе биде вистински одраз на нашиот клуб и идентитет. Горди сме што преставуваме еден навистина исконски град во светот а сега имаме и вистинско лого кое го изразува сето тоа. Исконски клуб за исконски град ’’ изјави Скот.

На логото се преставени едрата од Сиднејската Опера Хаус гледајќи ги од теренот на Алијац Стадионот а овде е и Федерациската Ѕвезда која потсетува на претходната значка.

И главнот тренер на Сиднеј ФК, Грем Арнолд изјави дека клубот навистина еволвира и се движи нанапред и дека новото лого навистина преставува еден голем прекрасен и исконски град.

Клубот постепено ќе го применува новото лого во текот на следниве неколку недели, а официјално целосната промена на сетот ќе треба да се случи на 1ви Јули за веќе и во следната сезона целосно да бидат во ново руво.

Сиднеј Фк исто така објавија дека имаат постигнато договор со Сиднеј Крикет и Спортс Граунд Траст за тоа клубот да може да го користи теренот на Алијац Стадионот како матичен за во следните десет години.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News