MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ЃОРЧЕСКА ЌЕ ИГРА И НА РОЛАН ГАРОС
 
ЃОРЧЕСКА ЌЕ ИГРА И НА РОЛАН ГАРОС
17.05.2017, 10:34:21
 
 
 

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и официјално ќе биде дел од квалификациите за грен слем турнирот Ролан Гарос.

.

Нов голем предизвик за Лина Ѓорческа, по настапите во квалификациите за УС Опен и Австралија Опен, следува обид да се влезе на главниот турнир на Ролан Гарос.

Ѓорческа е помеѓу 88. тенисерки кои преку квалификациите ќе се борат за пласман на главниот турнир во Париз.

Квалификациите започнуваат идната недела.

Лина Ѓорческа во моментов е на 180. место на ВТА ранг листата што е нејзин најдобар пласман досега.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News