MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Interview » ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ СО МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР
 
ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ СО МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР
08.05.2017, 08:59:00
 
 
 

Во тек е прикажување на драмата „Изненадувачка забава„ – “Surprise party” од Стефо Нанцу. Се јавувам со писмово како баба на една од младите глумици и како обожавателка на театарот. Никогаш не сум ги пропуштила преставите на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и нивната работа уште од самиот почеток ја следам.

.

Им се восхитувам на режисерот Стефо, техничкиот менаџер Никола и претседателот Душан како и на сите глумци во оваа драма за нивната макотрпна доброволна работа. Одделуваат од своето време да го негуваат македонскиот јазик и културата со цел да не забавуваат и ни го разубават животот во Австралија. Знам колку многу се работи на сцена да се постави драмско дело. Во драмата „Баба се мажи“ јас имав мала улога но увидов колку време и напори треба да се даде за да се прикажи една драма. Сега во драмата за прв пат настапува мојата 13 годишна внука Стефани Тодоровска која има една од главните улоги. Таа беше многу убаво прифатена од сите членови во Тетатрот и како баба, ме направи многу среќна што се вклучи во Театарот. Таа како мала ги гледаше сите престави на Театарот, а со тоа и се јави желбата да глуми. Им благодарам на членовите на Театрот кои ги поттикнуваат младите да се вклучат во Театарот и им даваат шанси да учат глума и успеат еден ден професионално да се занимаваат со глума и да ја преставуваат нашата нација.

Ние бабите и дедовците, покрај родителите, имаме важна улога во просветување на нашите внуци. Ние сме тие кои имаме повеќе време да бидеме со нив и ги учиме македонски јазик, им ги покажуваме нашите традиции и ние сме тие кои ги носиме децата на различни активности. Стефани покрај тоа што оди во театарот таа е активен фолклорист во КУД „Илинден“ и посетува часови по македонски јазик во саботното училиште во Когра. Таа е едно од децата, а има многу такви деца на кои треба да им се восхитуваме и да им помогнуваме како нив така и на организациите во кои тие членуваат.

Покрај јас што сум горда од Стефани како и мојот сопруг Иван, горди се со нејзиниот успех родителите Роберт и Билјана и бабата Маре и дедото Гоце Тодоровски.

Им посакувам на театарот голем успех и ги повикувам другите баби и дедовци да се гордеат со својата македонска култура, да ги носат своите внуци во македонските организации и да го негуваат македонскиот јазик и култура.

Гордата баба: Македонка Наневска

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News