MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ОВИЕ ЧЕТИРИ НЕШТА ВИ СЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА БИДЕТЕ ВИСТИНСКИ СРЕЌНИК
 
ОВИЕ ЧЕТИРИ НЕШТА ВИ СЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА БИДЕТЕ ВИСТИНСКИ СРЕЌНИК
21.04.2017, 13:39:56
 
 
 

Генерално, човековото око е незаситно и постојано се жали дека нешто му недостасува. Се повеќе луѓе кукаат и се жалат од својот живот. Но, ако подобро ги отворат очите ќе видат дека имаат навистина многу причини да бидат среќни.

Ако и вие сте од оние кои ги имаат овие работи во животот, вие веќе сте посреќни од поголемиот дел луѓе!

.

Решено станбено прашање

Груби проценки наведуваат дека околу 2.7 милиони луѓе во Европа се бездомници. Ако утрово сте се разбудиле во дом со покрив над глава, вие сте среќна личност, иако можеи не сте свесни.

Здрави сте и вие и вашите најблиски

Сите сме сведоци на постојаниот раст на бројот на луѓе заболени од смртоносни болести, а уште поболни се ситуациите кога не можат да соберат доволно пари за лечење. Вие сте исклучително среќна личност доколку никогаш не сте биле принудени да бидете во ваква ситуација.

Среќна врска/брак

Човекот е суштество создадено да биде во општеството и да развива чувства. Љубовта е најчистото чувство и за многумина е двигател во животот. Еден од животните успеси е среќниот и исполнет љубовен однос.

Ја сакате вашата работа

За жал, денес ретки се луѓето кои можат да кажат дека поради егзистенцијата не биле принудени да работат нешто што не го сакале. Ако сте професионално исполнети и не одите со мака на работа, вие сте многу среќна личност!

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News